ШоуБиз

Дали Ники Минаж ја засени Лајди Гага?!

Донатела Версаче била дефинитивно заглавена во работа до гуша во последниве неколку недели. Покрај тоа што била задолжена за облеката на Ники Минаж за доделувањето на Греми наградите, таа имала задача да ја облече и нејзиното величество, Лејди Гага за истата церемонија.

Овој пат, мајката на милиони чудовишта се решила за малку понормална комбинација, секако ако ја споредиме со минатогодишната, кога се појави во огромно јајце.

Гага можеше да ја забележите на Греми наградите облечена во црна рибарска мрежа, со интересни делови и додатоци по телото, како и едно бастумче како тоа на морските богови. Да не должиме, за оваа креација Гага можеби се инспирирала од бајките за морските чудовишта.

А еве ја и Ники Минаж – Црвенкапа:

Напиши коментар