Пејачката Rihanna на Твитер си ставила слика на која има црна коса, но не се залажувајте!
Се работи за стара фотографија на која RiRi има и eден избричен дел од главата. Таа напишала дека сеуште не е подготвена да ѝ се врати на прородната боја на коса, но дека навистина ѝ недостигаат црните прамени.
Неколку минути пред да ја стави сликата на која има црна коса, Rihanna закачила и неколку слики од нејзината хотелска соба во Јапонија. Иако на својата сметка има милиони, таа не можела да ѝ одолее на прекрасната глетка која во која можело да се ужива од нејзината соба. Како што напишала, тешко било да се прости со овој поглед, но веќе ја чекала наредната станица.


