ШоуБиз

Дали романсата на Jennifer Aniston завршува?!

Сеуште се говори за разводот на Brad Pitt и Jennifer Aniston, а исто и за нејзините неславни и кратки врски. Иако се зборуваше дека конечно ја пронашла својата сродна душа во дечкото Justin Theroux, изгледа работите не се баш така сјајни.

Според американските медиуми, нивната врска е на работ на раскинување. Актерот е под притисок од преселбата од Њујорк во Лос Анџелес и сега сака да му се врати на стариот живот. Кога се запознале со Jennifer, Justin бил маѓепсан од шармот и сексапилот на Aniston, но наводно тие веќе не биле „компатибилен“ пар.

–          Justin си го сака стариот живот и дом. Тој и поранешната девојка Heidi Bivens сеуште комуницираат и постојано си пружаат поддршка. Тој смета дека девојката со која 14 години бил во врска одлично се снашла во периодот кога тој почнал да излегува со Jennifer, а сеуште живеел со неа. Не се обидела да му наштети, ниту пак, била одмаздољубива. Justin признава дека му е жал за тоа што го направил, – изјавил негов близок пријател.

Напиши коментар