ШоуБиз

Дали се во мода рогови?:)

Нејзиното име е едно од најпознатите во целиот свет. Сите имаме слушнато за неа, а на многумина им се допаѓа и нејзината исцрпна работа и дела. Но, никогаш не би помислиле дека ќе ја видиме со рогови на главата.

Вивијан Вествуд е моден креатор кој ги има претставено своите модни линии на ревии ширум целиот свет. Нејзините креации ги носат голем број на ѕвезди, а можат да ги купат само оние со навистина длабок џеб.

Овој пат, Вивијан се појавила со рогови на главата и ги шокирала сите присутни на церемонијата. Што мислите дали модата би отишла до таму што на главата ќе почнеме да носиме рогови? Или пак, за Вивијан сѐ е дозволено? Сепак, овој испад не би ѝ наштетил на нејзината кариера. Сосем, напротив, може да стане нов, светски хит!

Напиши коментар