Motherhood

Дали сексот во бракот е навистина толку здодевен ???

Поп културата го прикажува сексот во бракот како нешто навистина досадно и лошо, но вистинската состојба истото го демантира- тврдат најновите американски истражувања.

Сексот во спалната соба на брачните парови воопшто не е така досаден, како што се прикажува во последните неколку години. Големото истражување направено од iVillage кажува дека за брачните другари сексуалиот живот е навистина важен.

Интересно е дека добриот секс, посебно е важен на жените. Всушност, од 1000 жени што учествувале во истражувањето, 75% откриле дека сексот со нивниот сопруг им е посебно важен , а за 16 % е делумно важен.

Истражувањето покажало дека и мажите и жените подеднакво иницираат секс во бракот, а интересно е и дека 20% од паровите си праќаат секси СМС- пораки. Иако многу се зборува за неверството, истражувањето покажало дека истото го практикуваат околу 10 % од испитаниците.

Последниве неколку години се потценува брачниот секс. Се споредува со предбрачниот и  вонбрачниот, а не би требало да биде така. Ако малку размислите, ќе се сетите дека скоро воопшто брачниот секс не се прикажува во филмовите. Отфрлен е како нешто здодевно, меѓутоа не е така… Со малку повеќе фантазија, еротика и доверба, сексот во бракот може да биде неверојатно искуство !!!

Напиши коментар