Розов кармин? …Можеби помислата на ваков додаток при дневниот или вечерен мејкап, не звучи како најдобра идеја, но всушност карминот со одредена нијанса на розова боја, со име „ Pepto Pink “ , благодарение на многубројните славни личности е најновиот „ must have “, во светот на убавината !!!
Во последно време, на „црвените теписи“ завладеа нов моден крик, односно впечатливиот црвен кармин остана „ во сенка “, покрај сé почесто застапената розова нијанса на кармин. Така, трендот го најавија актерката Блејк Лајвли, пејачките Ники Минај и Кели Озборн, но и други ѕвезди кои на сите спектакуларни евенти, блескаат во некоја од розовите нијанси. Иако црвената боја на кармин беше тотален хит и број еден, сепак новата алтернатива на розова нијанса, носи младешки и разигран изглед. „ Barbie “ розовиот кармин, одлично прилега на секојдневните еднобојни комбинации, но исто така може да биде и навистина гламурозен. Тоа го покажа Нина Ричи, на црвениот тепих во Берлин.
„ Усните со непровидна розова боја, без сјај, се супер секси и навистина модерни “ е изјавата на познатата шминкерка Рејчел Вуд, која сепак советува, доколку се одлучиме на ваков чекор, да го прескокнеме ставањето руменило, бидејќи би изгледале како од осумдесеттите, а не како да сме во последен чекор со најновиот тренд !!! За оние со посветли тенови, стручњаците советуваат „ нечиста “ нијанса на розов кармин, а оние со потемен тен, би требало да ги испробаат посветлите тонови на розова боја, со додаток на сина нијанса. „ Pepto Pink “ се најде на ревиите на Valentino, Akne, Marni , Costume National и многу други брендови…Бидете храбри и направете чекор да се најде и на Вашите усни.