Motherhood

Дали сте параноичен родител???!!!

Дознајте дали сте параноичен родител, пратејќи ги следните 7 знаци кои им се препишуваат на параноичните родители од страна на психолозите. Доколку се пронајдете во 5 од нив тогаш е вистинското време да смените нешто!!!

1. Паничите за секоја гребнатинка. И помал пад за Вас е вистинска катастрофа.

2. Му забранувате на Вашето дете да ги користи справите во паркот. Играта на детето ја дозволувате само доколку тоа Ви е пред очи. Не се качувај ќе паднеш ќе се повредиш  е најчестата реченица што ја изговарате додека Вашето најмило се бескрајно се забавува.

3. детето се секогаш со Вас. Не дозволувате Вашето дете да помине неколку дена кај Вашите роднини. Мислите дека никој не е кадарен да го чува како Вас.

4. Луна Парк забранета зона. Без обѕир што Вашето дете сака да помине некој час игра во Луна Паркот, Вие не му го дозволувате тоа… мислите дека атракциите за деца се голема опосност по здравјето на Вашето најмило.

5. Постојано држење за рака. Страв Вашето дете да не истрча на улица, да не падне, па и да не стане плен на киднапер, ако Вие не го следите во чекор. Затоа мислите дека држењето за рака е најдоброто можно решение.

6. Сите врати од Вашиот дом се отворени, за да Вие секогаш бидете на штрек и на помош, доколку Вашето дете се повреди во соседната соба. Мислите дека приватноста на Вашето најмило е Ваша сопственост.

7. Спиете со детето во иста соба. Имате услови за одвоено спиење, Вашето дете наполнило 1 година а Вие се уште инсистирате тоа да биде во Ваша близина, затоа што така е побезбедно.

Дозволете, Вашето дете сака приватност, на Вашето дете му е потребна самодоверба, не ги игнорирајте неговите детски потреби.

Напиши коментар