Motherhood

Дали сте спремни за брак и семејство?

Во чест на големиот празник на љубовта, би сакале да Ве потсетиме дека таа нема рок на траење и да Ве натераме да размислите околу тоа…дали сте спремни за да стапите во брак со личноста со која си ја замислувате иднината?

Можеби би Ви било од корист да направите листа со сите работи кои би ги добиле и би ги загубиле доколку стапите во брак. Основно за следните вежби кои ќе ве осигураат околу Вашиот статус, е да ги работите свесно и отворено, со Вашиот партнер и да пробате да бидете што поискрени еден со друг. Имајте на ум дека ова самопреиспитување на Вашата врска може да доведе до навистина добра промена…

Прв чекор–  Уште од самиот почеток, мора да се избегнат сите споредувања со останатите парови и брачните митови.

Втор чекор– Кога веќе еднаш, ќе се надминат споредувањата со останатите брачни парови и брачните митови, особено кога е во прашање нашата перцепција на односите кои ги имаат нашите родители, можеме слободно да утврдиме кои се работите што се повторуваат во односот и да не се прават истите грешки.

Трет чекор– Направете список на Вашите позитивни и негативни чувства во врска со бракот, споредете ги списоците и дискутирајте околу нив. Можно е навистина многу работи да ви се поклопат.

Четврт чекор– Ако преовладуваат негативни фактори, пробајте да разберете зошто…Сетете се на ситуациите за кои заеднички се имате изборено и сте ги надминале заедно. Верувајте во победа и слободно признајте ги сите фантазии во врска со бракот на Вашиот партнер.

Напиши коментар