Убавина

Што е вистинска дама???!!!

Дали некогаш сте се запрашале дали имате епитет на вистинска дама?

Не е лесно да се биде жена со стил, меѓутоа со малку труд  се е возможно!!!

Вистинската дама се познава по непретенциозноста во стилот, образованост и добри манири, дополнет со нејзиниот физички изглед. Вистинската дама не мора да е убава, нејзината совршеност лежи во нејзиниот став дека е жена. Таа не е слеп следбеник на високата мода, таа нема идоли и примери кои ги следи, таа добро се познава себеси. Дамата е секогаш своја, не блефира, затоа поимот дама е вонвременски и универзален.

Една од вистинските дами во вистинска смисла на зборот е прекрасната и неодолива Моника Белучи.

Прочитајте што предлага Белучи  и кои се нејзините мали трикови, кои и го донесоа неоспорната титула на ДАМА:

Нежни раце

Раце кои се негуваат континуирано. После секој активност, обрнете внимание на рацете барем 1 минута. Еднаш неделно направете пилинг, ноктите секогаш нека бидат добро средени, макар и со безбоен лак.

Здрава коса

Косата пред се треба да е чиста, а потоа и негувана. Редовното кратење на косата е единствениот лек против испукани влакна, кои една дама никако не смее да си ги дозволи. Ако се фарбате користете квалитетна боја за коса.

Убав тен

Не постои ситуација во која можете себеси да си дозволите да не го исчистите Вашето лице. Правете пилинг еднаш неделно, а доколку ви дозволуваат условите редовно посетувајте козметичар.

Моника препорачува „ подобро останете без некое парче облека, но никако не се откажувајте од убавината на Вашата кожа“!!!

Здрави заби

Непријатниот здив, жолтите заби се вистински непријател на секоја дама. Може и најголем!!!

Затоа мијте ги забите после секој оброк, редовното чистење на забниот камен е повеќе од потребно.

“Здравите заби се пола здравје..бидете дама со блескаво бели заби“ – порачува Белучи

Секогаш во стил

Ако претендирате да бидете дама, морате да обрнете огромно влијание на надворешниот изглед. Можете да си допуштите и некое неадекватно парче облека но истата мора да биде совршено чиста, испеглана и мирисна.

„Користете парфем кој Вам ви одговара, прескокнете ги модерните, така сте само копија на многуте“ – истакнува Белучи.

Шминка

Свечената шминка е за вечерни излегувања, децентната е за преку ден – ова го прават вистинските дами. Боите кои ги наметнува трендот не доаѓаат во обѕир ако не ви личат. И уште нешто… никогаш не ја поправајте шминката на јавно место!!!

ШТО НЕ ТРЕБА ДА ПОСЕДУВА ЕДНА ДАМА

Силикони

Дамата е жена со стил, вештачкото и претераното ја прави обична кукла наместо дама. Затоа вежбајте, одржувајте ги вашите гради во природната состојба.

„Големината не е битна, битно е како ги носите!!!“ – препорачува преубавата Моника.

Нема израстоци

Никогаш не допуштајте да имате израсток на косата. Тој детаљ Ве прави мрзеливи, неуредни, а кој не е за себе не е за никој друг!!! Ако се фарбате правете го тоа редовно.

Нема тетоважа

Денес е се поголема популарноста на тетоважите и пирсингот. Тие изгледаат егзотично, но егзотиката им личи само на младите. Сега можеби сте млади но младоста не е вечна, дамата се создава во младоста.

Дамата не се „украсува“

Накитот не смее да биде крупен и упадлив, затоа што дамите носат софистицирани парчиња. Секако вистински, бижутеријата не доаѓа во обѕир.

„Ако не е скапоцен подобро нека го нема!!!“ – забележува Белучи

Напиши коментар