ШоуБиз

Дали сте знаеле дека го можат ова?!

Холивудските ѕвезди одлично се снаоѓаат со глума, пеење и акција, но ова се некои нивни таленти за кои најверојатно не сте слушнале досега.

Kristen Steward многу вешто жонглира, а „врколакот“ Taylor Lautner умее да фати со уста зрно грозје фрлено од десет метри оддалеченост. Justin Bieber е мајстор за Рубикови коцки, а еднаш успеал да ја сложи за помалку од минута и пол, во живо на телевизија.

Tom Cruise и Katie Holmes обожаваат да сложуваат зборови, а Beyonce е страствена обожавателка на играта „Подморница“.

Jennifer Garner свири на саксофон, Halle Berry на флејта, а Woody Allen на кларинет. Gina Davis тренирала стрелаштво и за малку не влегла во американскиот олимписки тим во 1999 година.

Актерката Susan Sarandon би ве одрала во пинг понг, а Colin Farrell професионално се занимава со кантри фолклор.

Напиши коментар