Североисточниот дел на Етиопија сведочи за пустината Данокил. Жителите на ова место, првобитно ќе Ве информираат дека овој дел е срцето на вулканскиот кратер Далол, помалку познат во палетата вулкански чуда, но доста необичен. Причината е тоа што, околу него, се наоѓаат термални извори, сулфурни планини, гејзери и базени со киселина, одделени со солени насипи…Сето тоа го создава еден од најбизарните пејзажи на Планетата Земја.
Можеби ќе се одлучите да ја посетите оваа „боенка“ , најчесто употребена како синоним во вулканолошките научни трудови…Но, екстремноста на ова место никако нема да дозволи да биде Ваше престојувалиште. Значително е намален бројот на жители и достапноста до ова место не е секогаш дозволена. Присуството на сулфур, железо оксид, сол и други минерали, создава прекрасна комбинација од бела, жолта, зелена, црвена и окер боја која Ве мами да пријдете што поблизу…
Сепак, советуваме: задоволете се само со сликиве и запознајте го најчудниот вулкански кратер во светот.