ШоуБиз

David Beckham го свири Beethoven :)

David Beckham во новата реклама за „Samsung“ ја презема улогата на класичен музичар. Имено, познатиот фудбалер ја шутира топката на поставените тапани и на тој начин ја свири „Одата на радоста“ на познатиот класичар Beethoven.

Beckham, кој е официјален амбасадор за брендот „Samsung“ за време на Олимписките игри во Лондон 2012 година го користи „Galaxy Note“ за учење на редоследот на шутевите кои мора да ги изведе со цел да ја изведе познатата мелодија на неколку тапани кои се поставени на еден ѕид.

–          Драго ми е што можам да соработувам со „Samsung“, официјалниот спонзор на Олимписките игри, кои се одржуваат во мојот роден град. Се надевам дека сите ние ќе бидеме сведоци на најдобрите Олимписки игри во историјата, – изјавил фудбалерот.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Xn8jkyu88bw

Напиши коментар