Со успешни кариери и четири деца, David и Victoria Beckham секојдневно имаат преполни раце работа. Но, и покрај максималната исполнетост, David наводно би сакал уште едно или две биолошки деца.
– Кога би имале уште едно или две деца – две можеби би ја исплашиле Victoria, – изјавил фудбалерот кога бил запрашан дали би сакал уште деца.
Тој сеуште е вчудоневиден од тоа колку е поинакво чувството кога имаш ќерка.
– Со три момчиња, куќата е полна со енергија. Постојано се во движење од моментот кога ќе се пробудат, па сѐ до моментот кога ќе си легнат. Harper е потполно поинаква. Таа е релаксирана и женствена. Ќе биде волшебно да ја гледам како расте, – изјавил Beckham.
