Убавина

Дебелина е заразна?

Новото откритие вели дека дебелината е заразна, особено помеѓу партнерите. Дали сте забележале дека паровите обично се дебелеат истовремено? Па често се случува и оној послабиот да го стигне подебелиот. Научниците велат дека тоа не е случајно. Истражувачите од американскиот универзитет Yale докажаа дека микро организмите во желудникот кои се задолжени за нормална работа на системот за варење можат да предизвикаат здебелување.

Тоа значи дека дебелината се пренесува, дека таа е заразна.

Микро организмите кои го регулираат варењето на храната можат во голема мера да влијаат на дебелеењето. Ако дојде до нивно пореметување, резултатот е качување на килограмите. Научниците велат дека кај партнерите многу лесно доаѓа до пренесување на внатрешната флора на организмот.

Напиши коментар