Убавина

Дебелите веѓи се повторно во мода

Додека минатата сезона беа модерни „невидливите веѓи“ , оваа сезона модните недели во Париз и Њујорк го наметнаа старо-новиот стил на веѓи. Имено бевме сме сведоци на манекенки со истакнати дебели веѓи кои според коментарите на многумина можеа да се забележат и од последните редови во салите. Сцената е сцена но таа ги покажува идните модни тенденции. На ревијата на Прадината зимска колекција сите манекенки имаа дебели веѓи фарбани во нијансите на нивните коси. Трендот го лансираше Pet Makgrat еден од напознатите стилисти кои ги креираат трендовите на шминкање за големите модни куќи.

„Доколку отстраните премногу влакна од двете веѓи во пределот на носот, Вашиот нос ќе изгледа подебел а очите предалеку едно од друго. Ако пак отстраните премногу влакна од страната на аркадата очите ќе ви изгледаат многу поситни. Плавите жени треба да имаат веѓи за еден тон потемни од својата коса, а бринетите еден тон посветли. Притоа треба да се води сметка за бојата на очите. Ако имате зелени или плави очи, одберете посветла нијанса на боја со која ќе ги фарбате, а доколку пак имате темнокафеави очи слободно можете да ги фарбате веѓите во смеѓа боја, па и ако сте плавуша.“ – истакнува Pet Makgrat.

Совет повеќе!!!

Природни средства за здрави и јаки веѓи

Навечер пред спиење, веѓите треба да се намачкаат со рицинусово, маслиново или некое друго билно масло за нега на коса.

Благотворното дејство покажуваат и маслените облоги… загрејте 20 грама маслиново масло, со маслото натопете два тампони вата, и внимателно ставете ги на веѓите. Одозгора прекријте со пергамент хартија. По 10 до 15 минути тргнете ги облогите.

Се препорачува веѓите да се премачкуваат со смеса од половина лажичка ленено масло, 10 до 15 капки рицинусово масло и 1 до 2 капки масло од босилек.

Напиши коментар