Мода

Дебитантската колекција на Sergeenko го одзема здивот

Руската убавица и миленичката на streetstyle блогерите, ја претставува својата прва ready-to wear линија.

Лицето и појавата на Ulyane Sergeenko, досега навистина беше тешко да се промаши, бидејќи руската убавица ја имаме видено како посетителка на светската модна недела, но и како лице од насловната на многу streetstyle блогови.

Освен моделството, фотографирањето и блогирањето, Ulyane минатата есен во својата биографија ја запиша и улогата на дизајнерка претставувајќи ја својата прва ready-to wear колекција за Есен/ Зима 2012 година.

Со оглед на префинетиот вкус, од кој многу често се одделува, Ulyane со својата RTW колекција ги воодушеви модните фанови. Русинката со единствена убавина и грациозни тело, држење и црти на лице, со својот непогрешлив стил кој ја комбинира Русија во 19 век со виброто од 50-те, сите свои атрибути ги пренесе во дебитантска модна линија со силен vintage призвук.

Креациите кои евоцираат спомени на принцезите од ’40те, може да ги видиме и на друга Руска убавица, Наталија Водианова, а една успешна идеа за оваа колекција Ulyane ја има инспирирано од илустрациите на Советскиот Vogue од ’50те. Што нуди за зимава оваа вистинска принцеза, погледнете преку следниве фотографии…

1 Коментар

Напиши коментар