Motherhood

Децата го продолжуваат животот на родителите

Демографски анализи од Лондон и Осло потврдија дека независно од стресот поврзан со родителските обврски, децата во семејството се фактор кој го продолжува животот на луѓето.

Експертите анализирале биографии на 1,5 млн. жители на Норвешка на возраст од 45 до 68 години, проучиле над 60 илјади смртни случаи и се обиделе да ја откријат врската помеѓу образованието, семејната положба, присуството на деца во семејството и должината на животот на родителите.

До моментов се направени анализи единствено на врската помеѓу мајчинството и смртноста. Например, ризикот од смрт кај мајката на две деца е со 50% помал отколку кај жените од истата возрасна група кои воопшто не родиле дете.

Новото истражување покажа дека ефектот на детето во семејството се однесува и на двата пола.

Ризикот од смртност кај татковците е со 35% помал отколку кај мажите што немаат наследник.

Напиши коментар