ШоуБиз

Децата на Бранџелина не можат да ги најдат мама и тато на Гугл :)

На Бред Пит му е кристално јасно дека ако било кое од неговите деца на некој од интернет пребарувачите го напише неговото или името на неговата Анџелина, ќе излезат мал милион резултати со секаква содржина.

Поради тоа, неговите деца никогаш не смеат да го сторат тоа.

– На сите компјутери што ги имаме во нашиот дом, нашите имиња се блокирани за барање. Не можат да ги најдат мама и тато на Гугл. Не сакам да бидам зависен од тоа што другите мислат за нас, – се зборовите на актерот.

– Ни јас ни Анџелина никогаш не читаме што пишува за нас. Не ја ни забележуваме вревата што се дига позади нас, – додава тој.

Напиши коментар