ШоуБиз

Децата на Бранџелина не смеат да гледаат Оскари!

Анџелина Џоли не им допушта на своите деца да го гледаат доделувањето на филсмските награди Оскар. Иако таа беше една од кралиците на црвениот тепих вчера, на своите деца им кажала дека ќе оди на работа.

Џоли вели дека не сака нејзините деца да ги доживуваат неа и Бред како ѕвезди и затоа им кажала дека со Бред се на работа. Појаснила дека нивните деца не знаат многу работи за Оскарите и веруваат дека родителите им одат на работа како и родителите на останатите нивни другарчиња.

А замислете колку би им било чудно на дечињата да ја видат мајка си во таков секси, црн фустан како заводливо позира пред камерите!

Напиши коментар