По инцидентите кои се случија во семејството Џексон изминативе денови, може да се каже дека во нивниот дом владее благ хаос. Откако бабата Кетрин, 82, мистериозно исчезна, а всушност таа беше на одмор, и откако се случи и физичката пресметка помеѓу ќерката Парис и нејзината тетка Џенет судот одлучи децата да добијат нов старател.
Според судијата, бабата Кетрин, која беше назначена како старател, по желба на покојниот Мајкл Џексон, повеќе не е способна да се грижи за децата. Сега како нивни старател е назначен вујкото Тито, братот на покојниот Мајкл Џексон.
