Motherhood

Децата се најдобрите учители !!!

Постојат многу повеќе несреќни и „изгубени“ возрасни отколку во случајот со децата.

Наместо постојано да препорачуваме „порасни веќе еднаш“ , можеби подобро би било да се спуштиме на ниво на дете како би го подигнале квалитетот на сопствените животи.

Се прашувате како???

Едноставно !!!

ИСТРАЈНОСТ

Децата скоро никогаш не се предаваат, сетете само на безбројните обиди за проодување и безбројните падови и станувања… го прават она што им е потребно имаат огромна желба да проодат да го почувствуваат светот под свои нозе !!!

ОДЛУЧНОСТ

Децата или сакаат или не сакаат, а за работите во „средина“ не се ни обидуваат да ги сакаат. Возрасните трошат премногу енергија и нерви на ситници кои всушност и не се битни за успех во животот.

ЉУБОПИТНОСТ

Кој? Што? Зашто? Каде? Кога? Ова се најчестите прашања кои можеме да ги чуеме од устата на децата. Нивниот мозок во развој е гладен за знаења. Кога личноста ќе ја изгуби желбата да учи бидејќи “знае се “ неговите погледи на светот стануваат ѕидови во кои живее !!!

ЖИВОТОТ Е ИГРА

Децата ја обожуваат играта и забавата, така учат, така се среќни. Низ играта, на сликовит начин се преставуваат животните активности. Низ „игра“ животот не е досаден, тој е исполнет со предизвици кои мораат да се совладаат !!!

Напиши коментар