Новиот дечко на Џенифер Лопез, младиот танчер Каспер Смарт е осуден на една цела година условна казна во вторникот на 3-ти Јануари во судот во Лос Анџелес.
Иако неговиот адвокат се погрижил да ја ублажи казната, дури и помолил Смарт да помине неказнето, судот му доделил 12 месеци условно и 500 долари казна. Казната ја добил поради брзинските недозволени трки по улиците во април, 2010 година.

Во меѓувреме, Каспер и Лопез насекаде се шетаат заедно и тоа фатени за раце. Последно се забележани на шопинг во Мајами. Инаку, престојувале на луксузна јахта. Лопез е елегантна како и секогаш, а младиот рапер во свој карактеристичен раперски стил.

