Се чини дека младиот љубовник на Jennifer Lopez доста профитира од нивната врска. Casper Smart ќе добие сопствено реално шоу, а Jennifer веќе ги договорила правата на емитување со една телевизиска куќа.
Се работи за тоа дека Casper е награден од неговата девојка и шефица со тоа што го назначила за кореограф на нејзината претстојна светска турнеја, а сега неговата работа ќе биде проследена и од камери.
Очигледно, J Lo сака од своето момче да направи светски познат кореограф. Засега не е познато дали Smart инсистирал на овој чекор или Lopez е иницијаторот.
Правата за емитување се продадени на телевизиската куќа „Oxygen“, а во шоуто ќе се појави самата пејачка. Фокусот, сепак, ќе биде на 25-годишниот Casper.
