Здраво тело

Дехидрацијата и главоболката – најчестите зимски стапици…

Снегот кој што според некого- годинава изненади, според друг логично следуваше…има и некои маани. Така,„ ледените површини“ кои истиот ги создаде деновиве, се дел од секоја наша релација и бараат големо внимание и рамнотежа за да не дојде до незгода. Меѓутоа, ако дојде до несакана незгода, а мускулите притоа бидат напнати, голема е можноста за повреда.

За да се движите поопуштено набавете топла и цврста облека, а за време на движењето, пробувајте нозете да не ги подигате од тлото, односно, влечете ги, истакнува американскиот лекар Барбара Доли. Исто така, за време на зима, поретко чувствуваме жед, а кога веќе ќе го почувствуваме, тоа значи дека сме дехидрирани. Зимските напитоци како кафе, чај и топло чоколадо се богати со кофеин и делуваат диуретички. Нивниото неконтролирано внесување може да доведе до губење на електролитите, како што се витамините и минералите.

1. Капите и очилата  се заштита за очите-  Ветерот носи нечистотии и ги иритира очите, предизвикувајќи болка и солзење, што може да доведе до воспалување. Добро е да се навлажнуваат со „вештачки солзи“, а од сонцето и нечистотиите да се штитат со очила за сонце.

2.Хидрирањето е важно како и во лето-  Се препорачува земање на една до три шолји кафе со задолжителна, чаша вода. Или пак, два зелни/ црни чаеви на ден. Можете да испиете и чаша млака вода со исцеден лимон и малку ѓумбир, кој го поттикнува загревањето на телото.

3. Кратките и сиви денови предизвикуваат главоболки- Промените на воздушниот притисок, и студот, се најчестите причинители на мигрена. Меѓутоа и намалената сончева светлина влијае за недостаток на витамин Д, кој исто така е врзан за појавата на главоболка.

4.Зимата ги зближува партнерите-  Зимското време наведува на подолго останување во кревет, што буди близина со партнерот и води кон ослободување на љубовниот хормон, окситоцин.

5.Чили и сенф загреваат и создаваат имунитет- Во супите и варивата може да се додава ѓумбир, црн пипер, чили, а месото после готвењето може да се зачини со сенф. Сите тие зачини ја зголемуваат термогенезата и  на природен начин ја зголемуваат внатрешната телесна температура, а зачинот чили има дури и антибактериско дејство и противвоспално дејство.

Напиши коментар