Art & Crafts

Деловниот успех има рецепт…И тоа јапонски…

Јапонците секогаш биле познати како највредните луѓе на светот. Тајната на нивниот успех не е само во совршената организација на времето и работата, туку и во дисциплината и беспрекорното уредување на работниот простор. Дознајте како тие успеваат нивната енергија да ја насочат кон работата.

Јапонците, своите канцеларии и работниот простор го доведуваат во совршена состојба, постапувајќи по принципот 5С, односно пет акции кои на нивниот јазик почнуваат на буквата С. Почитувајќи ја оваа источна филозофија која се нарекува „ Каизен “, помалку се занимаваат со неважни работи, така што целата енергија ја насочуваат кон работата. Погледнете што сé јапонците преземаат за да го избегнат стресот и да бидат повредни и попродуктивни.

Seiri – дефинирање

Овој принцип подразбира поделба на работниот материјал на неопходен, итен и непотребен. Сé што Ви е неопходно ставете го во зелена кутија или фасцикла, сé што е итно во црвена, а она што е непотребно, веднаш фрлете го.

Seiton – уредување

Ова значи правилно сместување на потребниот работен материјал, за да работите што подобро и поефикасно. Сé што Ви е потребно, мора да биде во ваша близина, а материјалот кој повремено го користите уредно средете го во ормарот.

Seiso – чистење

Чистењето на работниот простор е доста важен дел во организирањето на работата. Целта е да создадете амбиент без прашина и нечистотии кои ќе Ви помогнат да се чувствувате попријатно, но и да работите многу поефикасно.

Seiketsu – контрола

Многу е важно два пати да го исконтролирате она што го работите. Можеби ќе загубите некоја минутка, но секако, ќе бидете сигурни дека работата сте ја направиле како што треба. На овој начин ќе постигнете подобри резултати, а и квалитетот на она што ќе го правите ќе биде на многу повисоко ниво.

Shitsuke –  дисциплина

Последното С ја претставува дисциплината, односно тренингот на кој сите вработени учат како да се придржуваат според наведените правила. На овој начин се создаваат работни навики во колективот, на основа на која сите вработени работат како единствен тим.

Напиши коментар