ШоуБиз

Демант – Kate Hudson сеуште не е во брак!

Goldie Hawn ги демантирала гласините дека нејзината ќерка стапнала на „лудиот камен“. Kate Hudon и фронтменот од рок групата „Muse“ – Matt Bellamy, се најдоа на мета на гласините дека тајно стапиле во брак.

Во медиумите пишуваше оти мајката на Kate несакајќи признала оти нејзината ќерка веќе се венчала. Мајката, која има добиено номинација за Оскар, напишала на својата Твитер страница дека Kate не се омажила и дека нејзината изјава е погрешно протолкувана.

Двојката е заедно веќе две години, а во јули, 2011 година добија и заеднички син по име Bingham. Hudson позади себе има еден неуспешен брак со музичарот Chris Robinson, со кој го имаат синот Rider.

Напиши коментар