Изгледа дека Деми му даде одговор на Ештон со новата фотографија која се појави во американските медиуми. Таа е во врска со 12 години помлад дечко, актерот Мартин Хендерсон. Тој не е многу познат глумец, до сега имал можност да се појавува само во споредните улоги.
Деми и Мартин се уловени како уживаат во еден познат американски ресторан. Биле поприлично блиски, а веднаш по ручекот заминале во шопинг а потоа се усмериле кон куќата која ја изнајмиле за заедничко уживање.
Кога Ештон продолжи со животот понатаму, изгледа дека дојде време и за Деми.
