ШоуБиз

Деми Мур повторно во врска со млад дечко

Очигледно  дека афинитетите на 50 годишната актерка Деми Мур се млади мажи, бидејќи овој пат се шпекулира дека после разводот со 34 годишниот Аштон Качер е во врска со уште помлад маж – 26 годишниот Вито Шнабел, трговец со уметнички дела.

Се запознале на прославата организирана од Наоми Кемпбал по повод роденденот на  нејзиниот дечко Владимир Доронин што се случи во Индија на почетокот на месецов. Очевидците велат дека Деми и Вито цела вечер не се разделиле еден од друг.

Претходно Шнабел беше во врска со 49 годишната манеркенка Ел Макферсон и со 35 годишната актерка Лив Тајлер.

 

Напиши коментар