ШоуБиз

Деми Мур веќе на 50 и изгледа фантастично

Актерката го прослави својот 50-ти роденден и мора да признаеме изгледа одлично. Последната година беше неверојатно тешка за неа: разделбата и разводот со Аштон Качер што резултираше со нервен слом.

 

Секој чекор на Деми е следен внимателно од медиите, но таа со достоинство чекори по црвениот тепих и  смеејќи се вели: „Јас сум вистински борец“.

 

Деми има три ќерки од бракот со Брус Вилис (1987-2000) – Румер Глен Вилис (родена 1988), Скаут ЛаРу Вилис (родена 1991) и Талула Бел Вилис (родена 1994).

Мајка на три деца, веќе на 50-ет годишна возраст! Нели доволна мотивација за сите нас и пример дека жената може да биде убава на било која годишна возраст!

Напиши коментар