Убавина

Депилација со чоколаден восок

На секоја жена и се познати благотворните својства на чоколадата – ја намалува главоболката, ги намалува менструалните тегоби, го подобрува расположението… и решава други ситни проблеми.

Но, овој пат ќе ве израдуваме со веста дека има и чоколадна депилација. Восокот кој содржи екстакт од чоколада, освен тоа што ќе ги отстрани влакненцата ќе ја нахрани вашата кожа со потребните минерали и иритацијата од депилацијата ќе биде речиси неприметна.

По оваа вест сигурна сум дека со нетрпение ќе ја очекувате следната депилација, што тоа до сега не беше случај:)

Напиши коментар