Депилацијата во летниот период знае да биде малку напорна. Особено кога се во прашање летните одмори. За да се решите од малите влакненца за време на летниот одмор како сојузници понесете ги со вас бричот и депилаторот. Постојат неколку трикови кои ќе ви го олеснат депилирањето ова лето.
Бричење
Топлата вода ја зголемува еластичноста. Затоа истуширајте се со топла вода, или пак бричењето направете го под туш.
Често менувајте го жилетот, бидејќи инфекциите ќе бидат многу возможни.
По бричењето измијте ги деловите од телото со ладна вода, за да ги отстраните влакненцата и да го потпомогнете процесот на затварање на порите.
Потоа нанесете хидрантен крем кој не содржи алкохол.
Ефектот ќе трае два до три дена.
Депилирање
Пред депилацијата истуширајте се со топла вода и при тоа измасирајте ја кожата со ракавица, или направете пилинг.
По депилацијата измијте ја кожата со чај од камилица, а потоа посипете ја кожата со пудра.
Ефектот ќе трае околу 10 дена.
