Мојата кујна

Десерт кој ќе посакате веднаш да го пробате

Потребни состојки за бисквитот:

–      5 жолчки

–      3 лажици шеќер

–      2 лажици брашно

–      3 лажици густин

–      една кесичка ванила

–      3 лажици масло

За филот:

–      1 лимон

–      150 мл слатка павлака

–      250 гр полномасно несолено сирење

–      4 лажици шеќер

–      една лажица мелен мак

За преливот:

–      кесичка црвен желатин

Подготовка:

Пенесто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата, додајте им го брашното и маслото и добиената смеса ставете ја во плех кој претходно го намачкавте и го прекривте со хартија за печење. Печете 15 минути на 180 степени.

Сирењето и шеќерот матете ги додека не добиете мазна смеса и додека шеќерот не се растопи потполно. Додадете ја изренданата кора од лимонот и мак и постепено сипете го сокот од лимон. Изматете ја слатката павлака и додајте ја во кремот. Со добиената смеса премачкајте ја изладената кора. Одозгора кремот премачкајте го со црвениот желатин кој претходно го подготвивте по упатството на кесичката.

Напиши коментар