Потребни состојки за кората:
– 50 гр чоколада за готвење
– 120 гр омекнат путер
– 120 гр брашно
– 7 јајца
– 150 гр шеќер
– 2 лажици какао
За филот:
– кесичка желатин
– 200 гр шеќер
– 500 мл слатка павлака
– кесичка ванилин шеќер
– 250 гр исчистени вишни
Подготовка:
Во пенесто изматениот путер додадете ја растопената чоколада. Мешајте додека не добиете изедначена смеса. Белките изматете ги со шеќерот, па измешајте ги со какаото, брашното и додадете ги во изматените жолчки. Смесата ставете ја во плех обложен со хартија за печење и печете на 200 степени околу 10 минути.
Испечената кора ставете ја на влажна крпа и веднаш свиткајте ја. Изматете ја слатката павлака со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додадете го желатинот кој претходно го подготвивте според упатството на кесичката. Со 2/3 од филот премачкајте ја целата кора и на крајот ставете ги вишните. Свиткајте ја кората па целиот ролат премачкајте го со остатокот од филот. Декорирајте со рендана чоколада.
