Мојата кујна

Десерт кој освежува – ролат со вишни

Потребни состојки за кората:

–      50 гр чоколада за готвење

–      120 гр омекнат путер

–      120 гр брашно

–      7 јајца

–      150 гр шеќер

–      2 лажици какао

За филот:

–      кесичка желатин

–      200 гр шеќер

–      500 мл слатка павлака

–      кесичка ванилин шеќер

–      250 гр исчистени вишни

Подготовка:

Во пенесто изматениот путер додадете ја растопената чоколада. Мешајте додека не добиете изедначена смеса. Белките изматете ги со шеќерот, па  измешајте ги со какаото, брашното и додадете ги во изматените жолчки. Смесата ставете ја во плех обложен со хартија за печење и печете на 200 степени околу 10 минути.

Испечената кора ставете ја на влажна крпа и веднаш свиткајте ја. Изматете ја слатката павлака со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додадете го желатинот кој претходно го подготвивте според упатството на кесичката. Со 2/3 од филот премачкајте ја целата кора и на крајот ставете ги вишните. Свиткајте ја кората па целиот ролат премачкајте го со остатокот од филот. Декорирајте со рендана чоколада.

Напиши коментар