Убавина

Десет пијалоци од кои се дебелееме

Жените често се на диета, многу вежбаат, но некако како да забораваат на пијалоците. Кога сте на диета внимавате на храната, но што е со пијалоците? Имајте на ум, дека помеѓу нив има и такви кои се толку многу калорични што е исто како да сте изеле голем оброк кој е полн со калории. Ова се пијалоците од кои се дебелееме:

Сокови

Соковите на кои ја има налепницата “природно” се полни со калории. Во едно шише може да има и до 400 калории. Затоа ако сакате да пиете сокови подобро е сами да си подготвите на соковник.

Кафе со шлаг

Различните облици на кафе кои содржат шлаг, шеќер, чоколада содржат и до 800 калории, па подобро да се одлучите за кафе со нискокалорично мелко.

Вода со вештачки вксуови

Една од најчестите заблуди е дека водата со вкус е нискокалорична. Таквата вода најчесто има подеднакво калории како чаша сок.

Диетални сокови

Овие сокови можеби немаат многу калории но често знаат да направат да се чувствуваме надуено.

“Здрав” шејк

Оние шејкови кои се декларирани како здрави се полни со калории, па во една чаша може да си најдете 700 калории.

Алкохол

Кога веќе сме кај алкохолот, избегнувајте го колку е тоа можно. Полн е со калории и предизвикува брзо создавање на целулит. Затоа пијте вино, бело или црвено, но умерено.

Енергетските пијалоци

Тие се полни со шеќери и ако сакате да го задржите тенкиот струк, заборавете ги.

Лимонада

Лимонадата која ја служат во кафулињата е силно засилена со шеќери.

Газирани сокови

Тие се преполни со калории и прават чувство на надуеност.

Кремасти коктели

Кога веќе сте решиле да пиете коктел, гледајте тоа да не биде некој кремаст кој во составот има и слатка павлака.

Напиши коментар