Дестинации

Дестинации во кои капењето е дар од бога…

Базените и местата кои Ви ги претставуваме овој пат, претставуваат некои од најубавите места на планетава. „ Бесконечните базени “ се оние кои даваат визуелен ефект на водата која се спојува со хоризонтот… Во екот на жешките летни денови, што може да биде поосвежувачко од капење во ладна и чиста вода, во некое „ скриено “ езеро ??? Или, што може да биде повозбудливо од капење во преубав водопад??? Замислете…лето и годишен одмор полн со капење, истражување на морето и откривање на тајните на плажите и песочните брегови, посета не пештерите и длабоките лагуни…

1. Одмаралиште „ Златен Триаголник “ , Ciang Rai, Тајланд

Сместен на ридовите на Мјанмар и Лаос, „Златниот Триаголник“ е волшебен како и самиот регион во кој се наоѓа. Таму, можете да ја истражувате околината, качени на слон и да поминете прекрасен ден во бањата Анатара. Ова одмаралиште го нуди најубавото од Југоисточна Азија, а сето тоа во комбинација со голема доза луксуз… е неодоливо !!!

2. Одмаралиштето Серена на брегот на езерото Манијара, Танзанија, Африка

Ова одмаралиште се наоѓа високо на драматичните пространства на алкалното езеро Манијара, од каде што се протега панорамскиот поглед на вулканската творба Голем Тектонски Ров.

3.Хотелот Кандалама, Дамбула, Шри Ланка

Хотелот изгледа како да се извлекол од карпите кои го опкружуваат со сета бујна вегетација која се спушта низ неговите ѕидови. Хотелот со пет ѕвездички е перфектно сместен во подрачје како до соништата. И сето тоа, во комбинација од сафирно синиот базен кој се полни од езерото Кандалама изгледа како времето тука да застанало 2000 години…. Прошетките во кои ве придружуваат преубавите птици и дружењето со мајмуните, едноставно, не можат да се опишат.

4.Водопадот Tat Kuang Si, Luan Prabang, Лаос

Сместен помеѓу селото Hmong и Khamu, во зелени шуми, водопадот висок 30 метри е најсликовитиот и најубав предел во регионот на повеќе нивоа и природен базен помеѓу нив.

5.Сератон Ваикики, Хаваи

Овој хотел се издвојува од останатите на брегот Ваикики. Хотелот Сератон е модерен споменик на традиционалното хавајско гостопримство. Овој хотел на островот Оаху е совршен за семејствата, романтичните парови или уморните патници кои сакаат да се подмладат.

 

Заборавете на времето и реалноста… Барем за момент…

Напиши коментар