Motherhood

Детскиот џагор – мисловна именка???!!!

Денешните деца, поради разните ограничувања, надвор играат три пати помалку од тогаш кога нивите родители биле деца.

Најновата студија на „Plej Ingland“, која вклучувала 2000 деца, покажува дека само петина од децата играат надвор на улица, а 59 проценти од децата изјавиле дека мечтаат да играат надвор од дома.

Застрашувачкиот податок дека секое 10 дете не знае да вози велосипед, како и тоа дека заради заштитничкиот став на родителите спрема нивните деца, 50 проценти од децата никогаш не се качиле на дрво и не ги знаат детските улични игри.

„Играњето на улица, качувањето по дрва, возењето велосипед, се важни задоволства кои денешните деца ги пропуштаат. Тој вид на играње ги заменија играчниците и компјутерите“ – истакнува Ketrin Prisk – директорка на студијата.

За жал ни овдешните искуства не се поинакви, малите деца попрво би гледале цртани или седеле пред компјутер, playstation, отколку да искочат на улица и да се забавуваат со нивните врсници.

Што ќе донесе ваквиот начин на детство никој не може со сигурност да каже, но едно е сигурно, детскиот џагор станува мисловна именка во нашите животи.

Напиши коментар