ШоуБиз

Девојката која се има сликано со 5.000 познати фаци! :)

Тинејџерката од Лос Анџелес Sarah Stalker (16) се има сликано со многу познати личности, од Brad Pitt и Angelina Jolie, па сѐ до Kim Kardashian и Oprah Winfrey.

Таа толку често може да се види на црвениот тепих што повеќето ѕвезди веќе ја знаат по име. Своите фотки ги објавува на Твитер, а нови слики става речиси секој ден.

Со познатите фаци почнала да се слика пред четири години, кога имала само 12 години. Била заедно со татко си кога забележале еден од неговите омилени актери Robert Hays. Сега, таткото е тој кој ја носи Sarah на сите настани.

–          Сѐ додека имам најдобри оцени на училиште татко ми ќе ме носи на секој можен настан каде има познати ѕвезди. Јас имам најдобри оцени и тој мора да ме носи каде и да посакам, – вели Stalker.

Нејзината тајна за успех лежи во тоа што не е агресивна и секогаш знае да го препознае вистинскиот момент за сликање.

Погледнете дел од нејзината галерија:

Напиши коментар