ШоуБиз

Девојки навалете! Bruce Willis во Белград! :)

Екипата од филмот „Умри машки 5“ предводена од главната ѕвезда Bruce Willis треба да пристигне за неколку дена од Будимпешта во Белград, каде ќе продолжат со снимањето на познатиот акционен серијал.

Исто како и романската престолнина и Белград треба да „глуми“ руски град во кој се одвиваат дејствата од филмот.

Продукциската екипа на филмот го посетила Белград пред неколку месеци додека барала локации за снимање на најновиот филм. Екипата сака да снима во центалниот затвор во Белград, но сеуште не им е дадена дозвола.

Последните сцени ќе бидат снимани на 14-ти Мај во Белград, па сите обожаватели на Willis можат слободно да ги блокираат улиците во потрага по него.

Напиши коментар