Убавина

Девојки не очајувајте – добро е да имате поголем задник!

Ако сте несреќни и незадоволни затоа што имате поголем задник, не очајувајте!!! Истражувачите од Оксфорд откриле дека жените кои имаат поголем задник се многу поздрави од оние кои имаат мал задник.

Собирањето на маснотии во задникот го намалува нивото на лошиот холестерол и го подигнува нивото на добриот холестерол, тврдат последните истражувања. Резултатите од истражувањето кои беа објавени во International Journal of Obesity покажуваат дека големиот задник може да го намали ризикот од дијабет.

„Масните наслаги, кои се акумулираат во задникот, служат како филтер за лошите масти кои би се акумулирале во други многу поопасни делови од телото. Мастите на задникот се разложуваат многу побавно, што значи дека телото произведува помалку опасни и штетни материи кои го зголемуваат ризикот од дијабет, воспаленија и кардиоваскуларни болести“, објаснува доктор Џими Бел и додава дека, за разлика од собирањето масти на задникот, собирањето на масно ткиво околу струкот може да биде навистина штетно за здравјето.

Напиши коментар