Убавина

Дезените го откриваат вашиот карактер

Дезените кои ги одбираме освен тоа што го откриваат нашиот стил и вкус, тие исто така кажуваат нешто и за нашата личност. Секогаш го одбираме она што ни се допаѓа, а тоа покажува каква личност сме.

Вертикални линии

Тие се одраз на сила и авторитет. Жените кои го одбираат овој дезен е моќни, доминантни и лесно го постигнуваат она што го сакаат. Се препорачуваат на срамежливите како би делувале помоќно.

Хоризонтални линии

Тие имаат смисла за животот. Уживаат во лежерноста, зрачат со позитивна енергија и делуваат смирувачки на околината.

Геометриски облици

Кругови, ромбови, ромбоиди… ги бираат енергичните и креативните личности. Сакаат на се да остават личен печат. Секогаш се издвојуваат од толпата.

Цветни мотиви

Станува збор за романтични дами, оние кои никогаш не престанале да веруваат во љубовта. Уживаат во друштво и во мали животни радости.

Туфни

Нив ги сакаат жените кои зрачат со самодоверба, елеганција и стил. Тие се многу привлечни за мажите и оставаат впечаток каде и да се појават.

Напиши коментар