← НАЗАД НА БОЗА

Диета со домати за брзо слабеење

Диета со домати за брзо слабеење
2590 Читања

Диетата со домати ќе ви помогне да ослабнете многу брзо без да нанесе штета на здравствената состојба. Доматите се препорачуваат од лекарите како превенција од рак поради антиоксидантите  што ги содржат во високи концентрации, а исто така и за луѓе кои имаат проблем со висок крвен притисок.

Диетата трае 5 дена во рамките на кои ќе успеете да намалите најмалку 3 килограми. Ако целта ви е повеќе килограми, тогаш направете пауза од една седмица и повторете ја диетата неколку пати.

Диетата е многу едноставна. Секој ден треба да јадете од 8-10 свежи домати, кои ќе ги распоредите во неколку порции. Наутро денот започнете го со овесни јатки(2-3 лажици) во чаша јогурт  со ниска масленост.

За ручек во комбинација со доматите можете да јадете спанаќ , брокули, карфиол, моркови или друг зеленчук на пареа. Зачинете ги со соја сос, за да не користите сол, и лажичка ленено масло или масло од гроздови семки.  Зеленчукот може да се јаде и суров, например морковите или салата од краставички и марула. На ова додадете и 100 – 150 гр печена риба.

За вечера 100 гр урда и домати. Во текот на денот треба да пиете најмалку 2 литри вода.

Оваа диета освен што ќе ви помогне  да ги намалите излишните килограми, ќе придонесе многу за добриот и здрав изглед на вашата кожа. Освен тоа ќе направите многу добро прочистување на организмот, што се препорачува да се прави неколку пати годишно. Обидете се, а ние ви гарантираме дека ќе бидете задоволни од резултатите!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk