Убавина

Диета со лубеница – помал струк за неколку дена

Ова е одлична детокс диета, која за пет дена ќе ви го прочисти организмот и ќе ви го намали обемот на струкот. По овие пет дена најдобро е да направите мала пауза ако сакате пак да ја повторите.  За појадок секој ден имајте по едно резне лубеница.

I ден

Ручек: 100 гр варено телешко месо, 100 гр варен ориз со доматен сос, резне лубеница

Вечера: 50 гр сирење и една кришка тост леб

II ден

Ручек: тост леб, 50 гр пилешко месо и резне лубеница

Вечера: 100 гр риба на скара, сезонска салата и парче леб

III ден

Ручек: 30 гр шпагети со сирење и домати, резне лубеница

Вечера: салата со домат, краставица, два варени компири со пармезан, и резне лубеница

IV  ден

Ручек: чинија супа од зеленчук, една кришка леб, 50 гр пилешко месо парче лубеница

Вечера: 2 варени компири со пармезан, сезонска салата и парче лубеница

V ден

Ручек: 50 гр телешко месо со шампињони, парче леб и резне лубеница

Вечера: 50 гр сирење, 2 кришки леб и резне лубеница

Write A Comment