Времето залади па затоа веќе можеме да почнеме со диетата која се базира на различни зеленчукови супи. Освен што ќе намалите килограми, супите од зеленчук приготвени без месо и маснотии се многу здрави и ќе го исчистат вашиот организам од токсини. Освен тоа супите содржат мноштво полезни минерали и витамини што ќе ви овозможи здраво слабеење – ова е нашиот основен приоритет!
Наутро секој ден додека трае диетата се јадат 2-3 лажици овесни јатки со јогурт. Ручекот и вечерата се состојат само од супата што е означена за денот. Нема ограничување на количината на супата. Во текот на денот се препорачува да се пие вода и зелен чај. Дозволено е кафе без шеќер, соковите се забранети.
Супите кои ќе ги користите се вегетеријански и за нивното приготвување сме избрале зеленчук со изразени липолитички ефекти, односно зеленчук кој помага мастите брзо и лесно да се разградат и топат.
Ден еден – супа од карфиол,
Ден два – супа од печурки,
Ден три – супа од компири,
Ден четири – супа од зелка,
Ден пет – супа од домати,
Ден шест – супа од моркови,
Ден седум – супа од брокули.
Како се приготвуваат супите? Зеленчукот мора да биде свеж. Додека се вари во водата се додава коцка за супа по вкус, сецкани моркови и многу магданос, една мала лажичка соја сос, бибер по вкус. Диетата не е од најлесните, но навистина брзо ќе ве ослободи од излишните килограми.

1 Comment
sve najbolje