Убавина

Диета за убав тен

Новата Американска диета базирана на овошје, зеленчук и риба е одлична можност за добивање на здрав тен на лицето, тврдат нутриционистите од Институтот за квалитет на кожата од Калифорнија, САД.

Доколку сакате убав тен морате строго да ги избегнувате користењето на сол, шеќер и кафе, а за возврат ќе имате обновена и затегната кожа без подочници.

„Тенот на кожата памети се, па доколку од исхраната ги исфрлиме шеќерот и кафето, макар на 3 дена, веднаш ќе се забележи дека кожата станува поблескава и почиста, подочниците помалку упадливи“ – тврди дерматологот Nikolas Perikone.

Шеќерот кафето и солта треба да се заменат со намирници богати со омега3 масни киселини и антиоксиданти кои ја штитат кожата и ја олеснуваат хидратацијата. Со исхрана која содржи повеќе овошје, зеленчук и риба Вие гарантирано ќе ги намалите подочниците со истовремено затегнување и освежување на измрената кожа на лицето. Тридневниот план на исхрана вклучува зголемена количина на внес на намирници како лосос, овошје, зеленчук, зрнести растенија и јаткасти плодови. Освен тоа е потребно да се пие зголемено количество на вода за да се поттикне детоксикацијата на организмот, а со тоа и на кожата.

Напиши коментар