Тајната за убавиот изглед на Rihanna е во нејзиното мени кое изобилува со јаглехидрати и риба, како и многу вежбање. Ова е тридневната диета која Rihanna ја практикува.
1 Ден
Појадок: две јајца, едно парче тост леб и домати
Ручек: салата од лосос во тортиља и една јаболка
Вечера: шпагети болоњезе со лук и морков
Десерт: банана и немасно сирење

2 Ден
Појадок: овесна каша и исецкани суви кајсии
Ручек: печен компир, туна и краставица
Вечера: омлет со печурки, зелена салата и пециво
Десерт: пудинг и запечена јаболка
3 Ден
Појадок: овошна салата и една шолја јогурт со сончоглед
Ручек: ракчиња и домати
Вечера: печено пилешко со зеленчук
Десерт: круша
Како што може да забележиме менито не е воопшто сиромашно, но затоа пак таа практикува вежби три пати во неделата по еден час.
