ШоуБиз

Дивата Арета Френклин се сврши на 69 години!

Музичката дива Арета Френклин се свршила на дури 69 години. Нејзиниот долгогодишен партнер Вилијам Вилкерсон ја побарал за жена за време на празниците, а сега размислуваат ова лето да направат и свадба на Мајами. Кралицата на соул музиката би сакала мала свадба на приватна јахта.

–          Не, не сум трудна, – се нашалила познатата пејачка.

Арета размислува и кој да ја креира нејзината венчаница. Дали тој дел од свадбата ќе ѝ го довери на Вера Ванг или на Валентино и Дона Каран сеуште не се знае. Ова на Арета ќе ѝ биде трет брак по ред, а од досегашните два брака има четири деца.

Откако во 2010 година водеше битка со ракот, сега вели дека се чувствува одлично. Доста ослабела и се довела во одлична форма.

Напиши коментар