Мода

Дизајнерската куќа Марни креираше за Н&М

Што е заеднично за Дру Баримур, Фрида Пинто, Винона Рајдер и многу други актерки и фанови на модата??? Сите тие сакаат да ја носат облеката дизајнирана од престижната италијанска модна куќа Марни, па затоа сите со радост ја дочекаа колекцијата која оваа модна куќа ја дизајнираше за Н&М.

За сезоната пролет/лето 2012 година, дизајнерите на марни креирале навистина интересна колекција која претставува микс на 20тите и 60тите години, облека инспирирана од арт деко стилот во светли бои како од жолта и зелена, до интензивни пастелни бои и модерни графички принтови.

Креациите се навистина софистицирани, романтични и женствени и ќе се најдат во ормарите на многу познати ѕвезди, но и на многубројните фанови на шветскиот „high street“ бренд. Живите материјали, интересните бои  и необичните и храбри комбинации со футуристички резови изгледа дека ја фасцинираа модната публика.

 

Напиши коментар