Секси ретро стил во земјени тонови за топлите денови
Прекрасните женствени парчиња од Дизел кои ни ги предлагаат за пролетта, се совршен спој од елеганција и лежерност. Кроевите кои се користени во последната колекција се потпираат на ретро стилот од 70 – тите години. Асиметрично скроените фустани, елечиња, перелини и секако интересните шарени ткаенини, уште еднаш докажаа дека е задоволство да се след1и ова модна марка.


Асиметрично скроените фустани поднесуваат детали како што се на пример плетените на пруги и црни елеци од кожа.


Перениот тексас одлично се вклопува во пролетната верзија на пелерини, но и како жешки пантолончиња со висок струк.


Разиграноста на кроевите во целост доаѓа до израз со помош на светлите тонови, а користењето детали како што се плик чантици и до глужд сандали и чевли на ремчиња, блузи со едноставен крој и бермуди, заедно сочинуваат интересна и примамлива дневна комбинација.


Лесните и прозрачни материјали надополнети со отпечатени шари идеални се за фустани кои со прилежни модни додатоци можат да се користат во дневни и вечерни комбинации.


Женствениот комбинезон без прерамки одушевува со својата едноставност исто толку колку и црното здолниште со шлиц во комбинација со шарена блуза и јакна од тексас.


Кројот на фустанот сличен на маица е идеален за надополнување сандали со ремени и високи потпетици.
