← НАЗАД НА БОЗА

Дланки без траги од времето

Дланки без траги од времето
1098 Читања

Дланките стареат многу побрзо од другите делови на телото. Со стареењето на дланките се појавуваат дамки, брчки… а постои начин како сето тоа да се исконтролира.

Рацете добиваат “удар” од разни хемиски средства за чистење, од сонцето, од ветерот и студот… затоа треба да им посветиме малку повеќе внимание.

За да ја хидратизирате кожата потребно е почесто да и ставате креми за раце кои содржат голема количина на влага. Освен тоа правете и домашни маски со белка и лимон. Исто така и тоа ќе и помогне доволно. Доколку пак имате дамки на рацете, тогаш е најдобро да ги третирате со милон и магдонос. Тие состојки едноставо ги избледуваат дамките. Исцедете малку сок од лимон и ситно исецкајте магдонос. Убаво измешајте и со смесата истријте ги дланките, а потоа оставете самите да се исушат. Измијте се со млака вода и ставете крема која е богата со витамини. Доколку ја практикувате оваа маска за дланките барем еднаш седмично ефектот ќе ви биде загарантиран.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk